Изберете Правилно

Сместен во самиот центар на градот, – населба Карпош ( СЦ Борис Трајкобски ) АТК Premium Club е вашата урбана оаза, идеално место за уживање во пријатна атмосфера, свеж воздух и одлична услуга. Оваа летна градина нуди совршено бегство од градскиот метеж, каде што природната сенка и посвежите температури ќе ве разладат дури и во најтоплите летни денови.

Без разлика дали барате место за утринско кафе или вечерно коктел дружење, ATK Premium Club е отворен преку целиот ден за сите ваши потреби. Нашата градина е пространа и уредена со стил, создавајќи уникатно искуство на релаксација и уживање.
Музика што ја создава атмосферата
Во летните вечери, АТК Премиум Клуб ви носи специјална магија преку акустични свирки во живо, каде што локални и регионални артисти создаваат совршена музичка подлога за вашите незаборавни ноќи. Уживајте во квалитетна музика, освежителни пијалаци и snack менито.
Мени
Галерија

АТК Премиум Клуб е идеално место за вашите приватни и деловни прослави. Нашиот простор и професионален тим се подготвени да организираат и прилагодат секој настан според вашите желби, вклучувајќи: свадби; корпоративни настани, деловни вечери, тим-билдинзи, свечени гала-настани; семејни прослави, годишнини, крштевки, матурски вечери; детски родендени и секој друг вид на приватни собири – било да е интимна прослава или поголем настан, ние се грижиме за сите детали!

За најмладите гости, обезбедивме детско катче, каде што децата можат безбедно да си играат и да уживаат, додека родителите се релаксираат со шолја кафе или освежителен пијалак. Ова катче ни е отворено за користење за време на детски родендени и семејни прослави и приложува кон Вашиот прекрасен престој во АТК Барот.

Во рамките на АТК Премиум Клуб, функционира и тениски клуб, отворен за сите љубители на спортот, без разлика на возраста и нивото на искуство.
Тениски курсеви за деца, тренинги за возрасни и рекреативен тенис.
Тенисот не е само спорт – тој е начин на живот! Придружете ни се и искусете ја енергијата на тенисот во АТК Премиум Клуб!