Корпоративни Настани
Добредојдовте во нашиот современ и елегантен простор за корпоративни настани, совршен за компании кои сакаат да создадат незаборавни моменти за своите вработени и соработници. Без разлика дали планирате семинар, годишнина на фирмата, коктел забава, свечена или несвечена забава за вработените ние Ви нудиме флексибилни решенија. Нашиот уникатен простор нуди стилски концепт кој ќе ги задоволи Вашите највисоки очекувања.
Нудиме комплетен сет-ап за Вашиот корпоративен настан. Во нашиот приемен дел во преубавата градина, особено внимание е посветено на визуелната презентација на Вашата компанија. Нудиме простор за поставување на уникатно пано за сликање ( со брендирано лого од фирмата ) кои гостите можат да се фотографираат пред него.
Кога ќе зајде сонцето, нашата градина се претвара во магично место со ѕвездено небо, и осветлување во амбиент боите на Вашиот бренд. Уникатната декорација и деталите на просторот ќе создадат атмосфера која ќе ги остави Вашите гости без здив.
Со капацитет од 100 до 300 гости, нашиот простор е совршен за мали и поголеми корпоративни настани. Ние разбираме дека секој настан е уникатен, па затоа нудиме флексибилни решенија за седење и декорација, прилагодени за Вашиот стил и потреби.!
Наша цел е да Ви помогнеме да организирате корпоративен настан што ќе остане во сеќавање. Контактирајте нè денес за да резервирате Вашиот датум и да дознаете повеќе за нашите услуги.
Заедно ќе создадеме настан што ќе ги воодушеви вашите гости!
Испратете ни порака