Свадбени Прослави

Бидете наши задоволни гости.

Простор за Свадбени Прослави

Добредојдовте во нашиот уникатен простор за свадбени прослави, сместен во преубавата градина, совршен за оние кои сакаат модерна и урбана прослава. Овој простор е дизајниран со внимание на деталите, нудејќи стилски концепт кој ќе ги задоволи Вашите највисоки очекувања.

*Модерен и елегантен амбиент

Нудиме комплетен sеt-up за свадбата, вклучувајќи дел за матично каде што можете да ја реализирате Вашата церемонија. Приемниот дел е опремен со шампањски ѕид и природно зелено пано за сликање, со можност и за Pre-party.

Кога ќе зајде сонцето, нашата градина се претвара во магично место со ѕвездено небо и осветлување кој создава амбиент од бајките. Уникатната декорација и деталите на просторот ќе создадат атмосфера која ќе ги остави Вашите гости без здив.

*Флексибилност за Мали или Големи Прослави

Нашиот простор е дизајниран да прими од 100 до 300 гости, што го прави идеален за сите типови на свадбени прослави. Без разлика дали планирате мала интимна церемонија или голема прослава со многу гости, ние нудиме флексибилни опции за организација и седење, создавајќи идеална атмосфера за Вашиот посебен ден.

*Удобни и Елегантни Опции за Седење

Секоја свадба е уникатна, затоа нудиме флексибилност во однос на опции за седење, од ниско до високо седење. Можете да изберете три вида на sеt-up седење:

  • Опција 1 – Сите гости да бидат сместени на стандардни кружни маси со тифани столови.
  • Опција 2 – 50% од гостите да бидат сместени на стандардни кружни маси со тифани столови и 50% од гостите да бидат сместени на високи маси со барски столови.
  • Опција 3 – Сите гости да бидат сместени на високи маси со барски столови.

Големиот подиум е идеален за Вашиот прв танц адаптиран за Вашата бројка на гости.

*Спремни за Сите Временски Услови

Во случај на неповолни временски услови, нудиме модерни и специјализирани шатори за настани, кои ќе го надополнат просторот и ќе го задржат шармот на свадба на отворено.

Контактирајте нè за повеќе информации и резервирајте го Вашиот датум. Дозволете ни да Ви помогнеме да ја остварите вашата свадбена визија во нашиот прекрасен простор за прослави!

Испратете ни порака

Контактирајте Не