Настани

Бидете наши задоволни гости.

01Свадбени Прослави

Бидете уникатни и организирајте ја Вашата свадба во нашата прекрасна градина.
Нашите клиенти се секогаш задоволни!

02Корпоративни Настани

Организирајте корпоративни настани или забави со поголема група на пријатели.
Има многу причини за да се организира забава!

03Семејни Прослави

Организирајте родендени, мекици, годишнини и многу други семејни настани кај нас.
Искуството е на наша страна!

01Свадбени Прослави

Бидете уникатни и организирајте ја Вашата свадба во нашата прекрасна градина.
Нашите клиенти се секогаш задоволни!

02Корпоративни Настани

Организирајте корпоративни настани или забави со поголема група на пријатели.
Има многу причини за да се организира забава!

03Семејни Прослави

Организирајте родендени, мекици, годишнини и многу други семејни настани кај нас.
Искуството е на наша страна!

01Простор за Свадбени Прослави

Добредојдовте во нашиот уникатен простор за свадбени прослави, сместен во преубавата градина, совршен за оние кои сакаат модерна и урбана прослава. Овој простор е дизајниран со внимание на деталите, нудејќи стилски концепт кој ќе ги задоволи Вашите највисоки очекувања.

*Модерен и Елегантен Амбиент

Нудиме комплетен sеt-up за свадбата, вклучувајќи дел за матично каде што можете да ја реализирате Вашата церемонија. Приемниот дел е опремен со шампањски ѕид и природно зелено пано за сликање, со можност и за Pre-party.

Кога ќе зајде сонцето, нашата градина се претвара во магично место со ѕвездено небо и осветлување кој создава амбиент од бајките. Уникатната декорација и деталите на просторот ќе создадат атмосфера која ќе ги остави Вашите гости без здив.

*Флексибилност за Мали или Големи Прослави

Нашиот простор е дизајниран да прими од 100 до 300 гости, што го прави идеален за сите типови на свадбени прослави. Без разлика дали планирате мала интимна церемонија или голема прослава со многу гости, ние нудиме флексибилни опции за организација и седење, создавајќи идеална атмосфера за Вашиот посебен ден.

*Удобни и Елегантни Опции за Седење

Секоја свадба е уникатна, затоа нудиме флексибилност во однос на опции за седење, од ниско до високо седење. Можете да изберете три вида на sеt-up седење:

  • Опција 1 – Сите гости да бидат сместени на стандардни кружни маси со тифани столови.
  • Опција 2 – 50% од гостите да бидат сместени на стандардни кружни маси со тифани столови и 50% од гостите да бидат сместени на високи маси со барски столови.
  • Опција 3 – Сите гости да бидат сместени на високи маси со барски столови.

Големиот подиум е идеален за Вашиот прв танц адаптиран за Вашата бројка на гости.

*Спремни за Сите Временски Услови

Во случај на неповолни временски услови, нудиме модерни и специјализирани шатори за настани, кои ќе го надополнат просторот и ќе го задржат шармот на свадба на отворено.

Контактирајте нè за повеќе информации и резервирајте го Вашиот датум. Дозволете ни да Ви помогнеме да ја остварите вашата свадбена визија во нашиот прекрасен простор за прослави!

02Простор за Корпоративни Настани

Добредојдовте во нашиот современ и елегантен простор за корпоративни настани, совршен за компании кои сакаат да создадат незаборавни моменти за своите вработени и соработници. Без разлика дали планирате семинар, годишнина на фирмата, коктел забава, свечена или несвечена забава за вработените ние Ви нудиме флексибилни решенија. Нашиот уникатен простор нуди стилски концепт кој ќе ги задоволи Вашите највисоки очекувања.

*Модерен и Елегантен Амбиент

Нудиме комплетен сет-ап за Вашиот корпоративен настан. Во нашиот приемен дел во преубавата градина, особено внимание е посветено на визуелната презентација на Вашата компанија. Нудиме простор за поставување на уникатно пано за сликање ( со брендирано лого од фирмата ) кои гостите можат да се фотографираат пред него.

Кога ќе зајде сонцето, нашата градина се претвара во магично место со ѕвездено небо, и осветлување во амбиент боите на Вашиот бренд. Уникатната декорација и деталите на просторот ќе создадат атмосфера која ќе ги остави Вашите гости без здив.

*Флексибилност за Мали или Големи Настани

Со капацитет од 100 до 300 гости, нашиот простор е совршен за мали и поголеми корпоративни настани. Ние разбираме дека секој настан е уникатен, па затоа нудиме флексибилни решенија за седење и декорација, прилагодени за Вашиот стил и потреби.!

*Нудиме Разновидни Можности на Корпоративни Настани:

  • Коктел забави: Овие неформални настани се совршени за опуштени средби, со шведска маса и високи маси за седење. Вработените можат да уживаат во разговори и добра музика, било од диџеј или бенд.
  • Годишнини на фирмата: Празнувањето на важни годишнини е одлична можност за зајакнување на тимскиот дух. Со музика на живо, забавни активности и награди за вработените, ќе создадете незаборавно искуство.
  • Свечени вечери: Овие формални вечери вклучуваат вкусна вечера, музика и наградување на вработените. Просторот е опремен со барски столови и високи маси, создавајќи елегантна атмосфера.
  • Партии по проекти или достигнувања: Празнувањето на успешни проекти е важно за мотивацијата на вработените. Со диџеј или бенд, создавате весела атмосфера за забава и опуштање.
  • Тематски забави: Забавите со специфична тема, како што се 80-те или карневалски настани, овозможуваат креативност и забава, со соодветна музика и декорација.
  • Забави за вработени: Овие настани се насочени на подобрување на тимската динамика, со можности за интеракција и забава под звукот на музика.

*Контактирајте нè!

Наша цел е да Ви помогнеме да организирате корпоративен настан што ќе остане во сеќавање. Контактирајте нè денес за да резервирате Вашиот датум и да дознаете повеќе за нашите услуги.

Заедно ќе создадеме настан што ќе ги воодушеви вашите гости!

03Простор за Семејни Прослави

Добредојдовте во нашиот просторен и пријатен амбиент, идеален за сите видови семејни прослави. Простор е дизајниран со внимание на секој детал, создавајќи топла и пријатна атмосфера за вашите гости.

Без разлика дали планирате мала интимна прослава или поголемо собирање со семејството и пријателите, можеме да го прилагодиме распоредот според вашите потреби.

*Организирање на Сите Видови Семејни Прослави

  • Јубилејни родендени
  • Годишнини
  • Диплоска
  • Матура
  • Мекици
  • Крсштева
  • Детски роденден

*Сет-ап и Услуги за Вашиот Настан

Нудиме комплетен сет-ап за вашите семејни прослави, вклучувајќи:

  • Мени со вкусна храна: Прилагодливи менија концепт шведска маса или со храна на масите.
  • Декорација: Креативна декорација која ќе го обогати вашиот настан и ќе создаде убави спомени за вас и вашите гости.

Опции за седење: Различни стилови на седење, вклучувајќи формални и неформални видови, од концепт на ниско седење на стандардни маси до сместување на гостите на високи маси со бар столови.

*Забава и Музика

За дополнително забава, можете да изберете да имате диџеј или бенд кој ќе создаде весела атмосфера, идеален за веселба.

Секој настан е уникатен, и ние сме тука да го направиме специјален за вас. Нашиот тим ќе работи со вас за да осигури дека сите детали се на своите места, создавајќи искуство кое ќе биде запомнето.

Контактирајте нè за повеќе информации и резервирајте го вашиот датум. Дозволете ни да ви помогнеме да создадете спомени кои ќе траат цел живот во нашиот прекрасен простор за семејни прослави!

Испратете ни порака

Контактирајте Не